Кери: Имам надеж за решавање на кризата во Сирија, но ќе биде многу тешко
Високи претставници на речиси 20 држави ќе учествуваат во денешната средба посветена на изнаоѓање на политичко решение за кризата во Сирија. За прв пат во овие разговори ќе учествува и Иран.
На состанокот ќе присуствуваат САД, Русија, Саудиска Арабија, Турција, Египет, Ирак, Либан, Обединетите Арапски Емирати, Катар, Јордан, Германија, Франција, Италија и Велика Британија. Ќе учествуваат уште специјалниот претставник на ОН за Сирија Стефан де Мистура и високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.
Државниот секретар на САД, Џон Кери изразил надеж дека на меѓународните преговори за Сирија во Виена денес може да биде постигнат напредок во побарувачката на политичко решение на конфликтот, но признал дека тоа ќе биде многу тешко. „Имам надеж. Не можам да го дефинирам како „оптимизам“, но се надевам дека можеме да најдеме пат за напред. Ќе биде многу тешко“, изјавил тој.
Конфликтот во Сирија трае со години, ако меѓународната заедница не преземе акција за негово решавање, ќе биде многу тешко, предупредил пред почетокот на преговорите британскиот министер за надворешни работи Филип Хамонд.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се сретна утрово со египетскиот колега Шукри насамо . Сириската влада и опозициските групи нема да бидат претставени на преговорите во Виена.
Форумот во Виена ќе се оддржи поради длабоките несогласувања помеѓу учесниците за тоа кои чекори треба да се преземат за ставање крај на граѓанската војна во Сирија, која трае повеќе од четири години и одзеде живот на над 250 000 луѓе.
