Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кери и украинската опозиција пронајдоа излез од кризата

Кери и украинската опозиција пронајдоа излез од кризата
Американскиот државен секретар на САД Џон Кери и лидерите на украинската опозиција постигнаа договор за конкретни чекори за излез од кризната ситуација во Украина. - Тие се договорија за конкретни реални чекори, а не само за искажување солидарност со украинскиот народ, изјави во Минхен опозицискиот пратеник Петро Порошенко. Според еден од лидерите на украинската опозиција Арсениј Јацењук обете страни договориле конкретен план, со кој се предвидува да биде запрено насилството, ослободени сите притворени и да бидат истражени сите “киднапирања и убиства на Украинци“. - Затоа ние го прифативме предлогот на генералниот секретар на Советот на Европа Турборн Јагланд за формирање независна комисија со учество на опозицијата, власта и претставник на Советот на Европа. Четврта точка е уставна реформа и брзо враќање кон парламентарно-претседателска република, како и економски пакет, потенцираше Арсениј Јацењук. - Разговаравме за многу сериозен економски пакет со нашите западни партнери, кој може да биде предложен само на нова украинска влада, ако украинската опозиција по реформата ја добие целата власт, рече Јацењук. Според него, таквата помош ќе биде доставена од ММФ, ЕУ и други меѓународни институции. Освен тоа, тој соопшти дека за „сите заложници“, односно уапсените демонстранти во нередите, има дополнителен предлог да се формира комисија со учество на претставници на ОН, доколку се согласи украинската власт. Следната недела се очекува во Киев да пристигне делегација од ЕУ и САД, составена од високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Кетрин Ештон, еврокомесарот за проширување Штефан Филе, заменик-джравниот секретар на САД Викторија Нуланд и повеќе министри за надворешни работи од ЕУ.
Слично

Поврзани вести