Кери и Лавров во Москва: „Исламска држава“ ни е заедничка закана!
Американскиот државен секретар Џон Кери и неговиот руски колега Сергеј Лавров се состанаа денеска во Москва како би разговарале за мировниот процес во Сирија, а во план е нешто подоцна Кери да се состане и со рускиот претседател Владимир Путин.
„Мислам дека светот има корист кога две моќни нации со долга историја во меѓусебните односи може да најдат заедничко гледиште“, изјавил Кери.
„Се надеваме дека денес ќе успееме да најдеме заедничко гледиште“, истакнал шефот на американската дипломатија, додека Лавров изјавил дека е спремен да разговара за било кое билатерално прашање за кое Кери смета дека е важно.
Подоцна во текот на денешниот ден ќе му пренесеме на претседателот Путин за што разговаравме и се надевам дека вашата посета ќе биде плодносна“, му порачал Лавров на Кери.
Кери и претставникот на ОН за Сирија Стефан де Мистура сакаат следната рунда мировни преговори за Сирија да се одржат во петок во Њујорк, но официјална Москва досега одбиваше да го потврди тој датум.
