Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кери и Лавров на жешка линија – ќе профунционира ли договорот од Женева

Кери и Лавров на жешка линија – ќе профунционира ли договорот од Женева
Џон Кери, Американскиот државен секретар во телефонски разговор со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров порача дека САД бараат итно и целсно спроведување на договорот за смирување на состојбата во Украина, постигнат во Женева, соопшти Стејт депертментот. - Државниот секретар јасно стави до знаење дека следните неколку дена ќе бидат клучни за спроведување на договрените мерки, пред се на оние што се однесуваат на разоружување на вооружените групи и за ослободување на противзаконски окупираните загради. Набљудувачката мисија на ОБСЕ има водечка улога во тој процес со поддршка на САД, ЕУ и Русија, се нагласува во соопштението на американскиот Стејт департмент. Руското Министерство за надворешни работи, од своја страна, соопшти дека Лавров во телефонскиот разговор со Кери ја нагласил неопходноста од итно спроведување на сите услови од Женевската декларација од страна на украинските власти, пред се на оние кои се однесуваат на непреземање насилни мерки и започнуивање на национален дијалог за нов устав на Украина со учество на сите политички сили и региони.
Слично

Поврзани вести