Кени: Ако ЕУ ја изгуби Британија тоа ќе биде катастрофално
Ако Велика Британија ја напушти Европската унија ќе биде катастрофално, предупреди денеска ирскиот премиер Енда Кени.
Кени ја даде изјавата во Стразбур, откако ја претстави пред Европскиот Парламент програмата на ирското претседателство на ЕУ.
Кени истакна дека ревидирање на европските договори, за што се стреми Велика Британија, би било нереалистично, затоа што за тоа треба поддршка од сите 27 членки.
Во однос на Ирска, Кени рече дека пред крајот на годината таа ќе излезе од спасувачкиот план на ЕУ и ММФ, кои во ноември 2010 и помогнаа на земјата да избегне банкрот.
Слично
