Економија, финансии, бизнис

Контакт

КЕЛОГ ЗА ЗЕЛЕНСКИ: Борбен и храбар водач на нација во војна, опкружен со „талентиран“ тим за национална безбедност

КЕЛОГ ЗА ЗЕЛЕНСКИ: Борбен и храбар водач на нација во војна, опкружен со „талентиран“ тим за национална безбедност

Деновиве се вжештија односите на релација САД-Украина, но специјалниот претставник на САД за Украина и Русија, Кит Келог денеска изјави дека имал „долги и позитивни разговори“ со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој беше во тридневна посета на Украина.

„Долг и интензивен ден со лидерите на Украина. „Долги и позитивни разговори со Володимир Зеленски“, напиша Келог на својот профил на Икс.

Тој ја сподели изјавата на Зеленски на неговата сметка за нивната вчерашна средба, опишувајќи го украинскиот претседател како „борбен и храбар водач на нација во војна“, опкружен со „талентиран“ тим за национална безбедност.
Инаку, американскиот претседател Доналд Трамп рече дека Зеленски е диктатор. Тој сака брзо да потпишат договор за минералите кои ги бара од Украина. Но, Украина пак сака траен и праведен мир. 


Слично

Поврзани вести