Економија, финансии, бизнис

Контакт

Келог за Путин: Трамп му дава време и простор за преговори, но картите се во наши раце

Келог за Путин: Трамп му дава време и простор за преговори, но картите се во наши раце

Од САД предупредуваат дека Русија треба да биде запрена во својот поход во Украина. 

Генерал-полковник Кит Келог, ветеран од Виетнамската и Заливската војна, денес е помошник на американскиот претседател Доналд Трамп и специјален претседателски пратеник за Украина. Во интервју за The Telegraph, Келог изнесе остри оценки за рускиот претседател Владимир Путин и предупреди на опасностите од руската експанзија.

„Путин е агент на КГБ. Никогаш не престана да биде еден од нив. Тој е манипулатор. Се прави дека не зборува англиски, а ние го фативме неколкупати дека всушност зборува. Единствено оружје против ваков човек е силата,“ изјави Келог.

На прашањето дали Русија, доколку ја освои Украина, би нападнала земја-членка на НАТО, Келог вели дека и други земји ќе бидат во ризик. 

„Апсолутно. Путин сака да го обнови Руското Царство. Историјата е јасна – тоа ме потсетува на Хитлер во 1938 година кога бараше Судети, па Порајне, Полска, а потоа почна Втората светска војна. Историјата не се повторува, но се римува. Затоа мора да го запреме – сега“, кажа тој. 

Келог го опиша Путин и како „реалист“ кој, ако се зголеми улогот, ќе отстапи.

„Путин е во заблуда дека победува во оваа војна. Трамп му дава време и простор за преговори, но картите се сè уште во наши раце,“ нагласи тој.

Според него, приоритетот е прекин на огнот. 

Русија вчера го наруши естонскиот воздушен простор.  Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари во 2022 година. 

Слично

Поврзани вести