Економија, финансии, бизнис

Контакт

Келнер во Сен Тропе бркал Италијанец затоа што му оставил бакшиш од „само“ 500 евра?

Келнер во Сен Тропе бркал Италијанец  затоа што му оставил бакшиш од „само“ 500 евра?

Келнер наводно бркал Италијанец во луксузно одморалиште затоа што му оставил бакшиш од „само“ 500 евра. 

Oва се случило во Сен Тропе во Франција, пишува Дејли Мејл. Келнерот наводно го бркал Италијанецот сè до паркингот и му се пожалил дека „не е доволно“.

„Тој мислеше дека е дарежлив оставајќи бакшиш од 500 евра, а наместо тоа беше прогонуван. Келнерот му рекол дека тоа не е доволно и дека може малку да се потруди и да остави и до 1.000 евра, бидејќи тоа ќе биде близу 20 отсто од вкупната сума на неговата сметка“, рекол пријател на келнерот.

Незадоволството од Сент Тропе е актуелно меѓу туристите, а некои споделуваат приказни за тоа како одредени ресторани побарале од нив да потрошат минимум 1.500 евра. 

Во германските медими пак имаше поплаки за високите цени во хрватските летувалишта. Тие дури пишуваат дека хрватскиот туризам е претворен во грабеж. 

foto Wikipedia/MartinPutz

Слично

Поврзани вести