Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе стане ли Британија полошо место за инвестиции?

Ќе стане ли Британија полошо место за инвестиции?

Велика Британија ќе биде полошо место за инвестиции по одлуката на Британците нивната земја да ја напушти Европската унија.

Ова го изјавиле речиси половина од испитаниците од консултантската компанија CBRE, инвеститори во недвижности.

Се очекуваат последици во трговскиот и индустрискиот сектор, се наведува во извештај на компанијата. Паралелно се очекува пад на кириите во земјата.

Според експертите, Франкфурт и Париз се најверојатно алтернативни дестинации за банкарскиот сектор. Во технолошкиот сектор директни конкуренти на Лондон се Берлин, Стокхолм, Даблин, Париз и Амстердам.

Сепак компанијата нагласува дека останува да се види каков план ќе прифати Британија за излез од ЕУ. Некои од политичарите и дел од општеството ќе се задоволат само со зајакнување на контролата врз имиграцијата.

Слично

Поврзани вести