Ќе се спаси ли планетата по договорот меѓу Кина и САД за климатски промени
Кина и САД го ратификуваа Парискиот договор за климатски промени со што двете најмоќни економии во светот се обврзуваат на големи промени во енергетиката, заштита на животната средина и намалување на емисиите на јаглероден диоксид.
Претседателот на САД, Барак Обама и неговиот кинески колега Си Џингпинг му ги предадоа соодветните документи на генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун во Ханжу. Договорот од Париз е одлучувачки чекор кон „спасување на нашата планета“, изјави Обама. Додека во Кина за прифаќање на договорот гласаше Народниот конгрес, Обама го ратификуваше документот без согласност од американскиот Конгрес. Ратификацијата доаѓа на еден ден пред одржување на Г20 самитот токму во Ханжу.
Кина и САД заедно учествуваат со 40% на светско ниво во емисијата на јаглероден диоксид, клучен за затоплување на планетата бидејќи сончевите зраци не може да се одбијат од земјата и температурите растат. Со тоа се топат глечерите, се зголемува нивото на морињата, се создаваат екстремни временски непогоди и доаѓа до непредвидливи климатски промени.
Со климатскиот договор се предвидува до 2020-та да се вложат 100 милијарди долари за државите во развој со цел да се спречи раст на температурата на 2 степени годишно што е реална закана.

Слично