Ќе процвета ли онлајн шопингот од Британија?
По падот на фунтата аналитичари коментираат дека купувањето на стоки од Островот ќе бележи раст, а според други голема разлика во цените не се очекува.
Драстичниот пад на фунтата како резултат на референдумот во Британија ќе се одрази позитивно на онлајн трговијата. Претседателот на Бугарската асоцијација за е-трговија, Петар Ванчев вели дека трговците ќе започнат да смислуваат различни механизми како да ги намалат загубите. Покрај тоа, дел од цените ќе бидат брзо компензирани, бидејќи дел од стоките не се со британско потекло и падот во фунти ги поскапува како увоз. Ванчев не очекува Бугарите да започнат масовно да порачуваат стока од Британија.
„Не очекувам да има сериозен „бум" во набавките од британски онлајн продавници, поради проста причина што квалитетните стоки во повеќето од нив остануваат премногу скапи за повеќето Бугари"- вели тој.
Додава дека голем дел од сајтовите за спортска опрема и облека, всушност препродаваат производи купени од Велика Британија.
Според спроведена анкета на Островот станува јасно дека 37% од анкетираните Британци имаат признаено дека е многу веројатно да ги ограничат трошоците за телевизори, мебел и слично.
Луѓето се загрижени за економијата на земјата, а тројца од петмина Британци се загрижени за изгледите за британската економија и се убедени дека Брегзит ќе се одрази лошо на нивните лични финансии.
