Ќе прерасне ли сирискиот конфликт во индиректна војна помеѓу Русија и САД?
Извештаите дека американско оружје е во рацете на сириските бунтовници кои ја уништуваат руската техника во армијата на претседателот Асад, предизвикаа бројни расудувања дали е можна т.н. Опосредствeна војна (proxy war) помеѓу Русија и САД во Сирија, пишува „Комерсант“.
„Станува збор за опосредствена војна не како свесен избор, туку случајно. И тие се следниве: бунтовниците имаат многу противракетни комплекси, ако режимот ги нападне со руска помош“, цитира весникот Џеф Вајт, аналитичар од Вашингтон.
„Комерсант“ потсетува дека вооружените сили на Дамаск почнаа офанзива, поддржана со руски воздушни напади, и тврди дека во одговор Вашингтон одобрил забрзани испораки на американски противтенковски системи за сириската опозиција, na влезно регионалните сојузници.
Претседателот на САД, Барак Обама веќе ја исклучи можноста за индиректна војна со Русија, потсетува весникот, цитиран од „BBC“. Неговите експерти го поврзуваат спорот за евентуална опосредствена војна помеѓу двете страни во Сирија со различните трактовки на овој концепт.
„Во поширока смисла опосредствена војна значи да се водат борби со туѓи раце и всушност таква војна се води во Сирија одамна, бидејќи САД обезбедуваат одреден воена поддршка на сириската опозиција, а истовремено армијата на претседателот Асад добива руско оружје“, објаснува политикологот Андреј Кортунов.
„Руски или американски оружја сепак се користат во многу конфликти во светот. Затоа ќе е нефер да зборуваме за скала na опосредствена војна во Сирија“, смета експертот.
Според неговиот колега Руслан Пухов, евентуални испораки на американски преносни анти-авионски-ракетни комплекси (ПЗРК) за сириските бунтовници би гарантирале во текот на воените дејствија. Овој чекор сепак би предизвикал вистинска опосредствена војна помеѓу Русија и САД во Сирија.
„Администрацијата на Обама сфати дека таквите испораки не само што ќе се протолкувале од Москва како сериозен предизвик кон Русија и лично до претседателот Путин, но може да удрат и по безбедноста на самите САД, ако ПЗРК падне во рацете на непријателите на Америка“, објаснува набљудувачот.
„Комерсант“ потсетува на изјавата на портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захариева дека во средби со претставниците на Европа и САД Русија им вели едно: „вооружувајќи ја повеќе умерената опозиција, никогаш нема да може да гарантирате дека оружјето заедно со овие луѓе нема да завршат на земјата на терористичките организации“.
Терористичката група „Исламска држава“ и објави џихад на Русија и САД; во меѓувреме Хезболах, ирански и сириски војници тргнаа во офанзива крај Алепо, поддржани од руска авијација. Москва се засили и во политички, и во воен план, со што продолжува да предизвикува незадоволство кај Вашингтон, пишува „Независна газета“.
Весникот го цитира „еден од старешините на „ИД“ - портпаролот на групата“ Мохамед ал Аднан, кој ја повикал исламската младина да го разгори „огнот на света војна“ со Русите и Американците, кои тргнале на „крстоносна војна против муслиманите“.
Аднан ја цитираше изјавата на претставникот на Руската православна црква Всеволод Чаплин, и ги нарекол активностите на Русија во Сирија „света војна“ (без да го спомене неговото име) и додал дека „Русија ќе биде поразена“.
Обраќањето на Аднан е првото официјално соопштение на „ИД“ на адреса на Русија, но вниманието во него не беше насочено толку кон Москва. На бунтовничката група главна цел им е САД, кои „се стремат да добијат поддршка од Австралија, Турција и Иран“, забележува „Независна газета“.
„ИД“ беше крајно непријателски настроена кон Русија од самиот почеток, пишува „Московски комсомолец“. Не за прв пат се случува некој да објави џихад на Русија - да се потсетиме на терористите од групата „Имарат Кавказ“. Или да погледнеме уште поназад во историјата: во ноември 1914 година Турција, поддржувачи на страната на Германија во Првата светска војна, им објавија „света војна“ на Русија, Велика Британија и Франција.
Но повикот на сите муслимани заедно да тргнат во војна против Антантата не наиде на голем одговор. Напротив, руските муслимани војуваа против Централните сили, а Арапите, поддржани од Англичаните, распалија антитурско востание, додава весникот, цитиран од агенциите.
