ЌЕ ЈА ЗАГРОЗАТ СОЦИЈАЛНАТА ХАРМОНИЈА: Кандидатите Турција и Албанија закана за ЕУ?
Министерот за правосудство на Велика Британија Мајкл Гоув предупредува дека таа земја ќе се соочи со имиграцијата по принципот на „слободен пристап за сите“ доколку не ги прекинат врските со ЕУ, посебно истакнувајќи го приливот кој би стигнал од Турција и Албанија, но ја споменува и Србија.
Гоув во авторскиот текст за Тајмс во рамки на дебатата која во Британија се води во пресрет на референдумот за членство во ЕУ на 23 јуни, инсистира дека потенцијални нови членки на ЕУ како Турција и Албанија претставуваат директна и сериозна закана за британските јавни служби како Националните здравствени служби како и социјална хармонија.
Одговорот на ЕУ на мигрантската криза е слободен пристап за пет нации со повик на Македонија, Црна Гора, Србија, Албанија и Турција да и пристапат на Унијата. Бидејќи не можеме да ги контролираме нашите граници и затоа нашиот договор за жал не прави ништо да го промениме тој факт-јавните служби како е НХС ќе се соочи со немерлив притисок бидејќи уште милиони луѓе ќе станат граѓани на ЕУ и правото да се преселат во Обединетото Кралство, тврди Гоув.
Тој сограѓаните ги предупредил дека власта нема да може да им гарантира дека ќе имаат ист пристап за здравствена нега и социјални станови, доколку овој тренд продолжи.
-Постои директна и сериозна закана за нашите јавни служби, животен стандард и можност за одржување на социјалната солидарност доколку прифаќаме да останеме во ЕУ-вели Гоув.
