Ќе исчезнат ли од карта италијанските градови урнати од земјотресот?
Три дена по земјотресот Службата за цивилна заштита во Италија собрала над 6 милиони евра од испратени СМС пораки за обнова на уништените градови.
Градовите кои земјотресот во Италија ги уништи, нема да исчезнат од картата на светот. Тоа го ветија стотици жители на Аматриче, Акумоли и неколку други градови, кои потресот ги уништи.
Градоначалникот на Амариче вели дека сака да се врати во својот град и да ја врати претходната величественост.
Во земјотресот загинаа најмалку 290 луѓе и уништени се стотици станбени и други згради во неколку области на централна Италија.
Покрај државните органи со прибирање на средства за настраданите се занимаваат и невладини организации, а исто радио и телевизиски станици.
Министерот за култура, Дарио Франческини прецизира дека 293 културни знаменитости во засегнатиот регион, од кои многу цркви, се урнати или се сериозно оштетени.
Тој ги повика Италијанците да ги посетат во недела музеите и археолошките локалитети во знак на солидарност со жртвите од земјотресот.
