Ќе дојде ли смртоносниот вирус во Македонија?
Шефицата на Светската здравствена организација Маргарет Чан вчера изјави дека вирусот Зика „експлозивно се шири“ и повика на итен состанок на независни експерти да одлучат дали епидемијата треба да се прогласи за меѓународна здравствена вонредна состојба.
СЗО предвидува дека три до четири милиони луѓе ќе бидат инфицирани во Америка оваа година, иако повеќето нема да развијат симптоми.
Дваесетина заболени од опасниот вирус Зика се регистрирани ширум Европа. Овој вирус кој го пренесуваат комарци многу брзо зема глобални размери, а до сега во Европа регистрирани се заболени во оландија, Велика Британија, Италија, Данска, Шведска и Швајцарија.
Во Македонија постои мал ризик за појава на случаи со вирусот „Зика“,бидејќи станува збор за вектор пренослива болест која се пренесува од одреден тип компетентни комарци смируваат надлежните.
Се препорачува, сите кои се враќаат од земјите во кои има зика вирусни инфекции, доколку во рок од три недели почувствуваат симптоми специфични за вирусот како температура, конјуктивитис и болки по тело и мускули да се јават на матичниот лекар и да напоменат дека патувале во една од овие земји.
