Ќе дојде ли до употреба на нуклеарно оружје на Русија против Исламска држава?
Владимир Путин изрази надеж дека во борбата со „Исламска држава“ нема да дојде до употреба на нуклеарно оружје, соопшти „news.ru“, повикувајќи се на објавената стенографија од неговата средба со министерот за одбрана Сергеј Шојгу.
Рускиот претседател ги коментирал нанесените удари против терористите од подморница и во исто време истакнал дека новото високо ефикасно оружје на руската армија- ракетите „калибар“ и „Х-101“ овозможуваат таква можност.
„Овие проектили дозволуваат да бидат опремени со нуклеарно оружје, а во борбата со терористите се надевам дека оваа можност нема никогаш да се користи“, изјавил Путин.
Тој, сепак нагласува во разговорот со Сергеј Шојгу, дека е задоволен од прикажаното ново оружје што зборува за усовршување на оружјето и техниката на армијата.
