ЌЕ ДОБИЕТЕ 500 ЕВРА и да не сте вработени: Финска одлучи на сите им уплатува…
Финската влада ќе покрене пилот проект во рамки на кој на жителите на државата ќе им уплатува минимален доход без разлика дали се вработени или не. Во експерименталната фаза таа помош ќе изнесува 550, а подоцна околу 800 евра месечно.
Оли Кангас, кој раководи со пилот проектот, рекол дека темелниот доход ќе биде релативно висок бидејќи заменува други социјални додатоци.
Предлог на пилот програмата ќе биде завршен до ноември 2016 година после што ќе тргне неговото тестрање во целата земја наведува Финланд Тајмс.
Овој проект посебно е интересен за невработени. Во Финска моментално се околу 280 00 0 што претставува 10 посто од вкупната работна сила. Во Динска прифаќање на работа може да значи нов трошок за граѓаните бидејќи платена привремена работа ги намалува социјалните додатоци. Тоа значи дека доколку прифатите работа од понизок платен ранг, губите пари.
Поборниците на минималниот доход веруваат дека токму таа мерка може да го растерети комплексниот и скап модел на додатоци кој сега е на сила.
