Казни за „Крафт“ и „Нестле“ поради нарушување на правилата за конкуренција
Германските власти за заштита на конкуренцијата денеска казнија 11 производители на чоколади со 60 милиони евра поради нелегално здружување во картел и договарање цени.
Во соопштението на канцеларијата за заштита на конкуренцијата се наведува дека прекршоците се направени во периодот меѓу 2004 и 2008 година, а меѓу казнетите компании се и „Крафт“ и „Нестле“.
Компаниите се обвинети дека се договориле за зголемување на цените на чоколадата кога трошоците за суровините значително се зголемиле во 2007 година.
Според соопштението компаниите „едноставно престанале меѓусебно да се натпреваруваат и дека со високите цени ги оптовариле потрошувачите“.
Компанијата „Марс“, според соопштението, ќе избегне плаќање на казната, бидејќи ги предупредила властите за незаконската практика на другите призводители.
