Економија, финансии, бизнис

Контакт

Казни поради српски и руски национал-шовинисти на Светското првенство

Казни поради српски и руски национал-шовинисти на Светското првенство

Светската фудбалска федерација ФИФА им одреди казна на националните фудбалски федерации на Србија и Русија поради тоа што навивачите на тие две земји за време на натпревари на Светското првенство истакнале навредливи транспаренти.

Српскиот фудбалски сојуз е казнет со 20.000 швајцарски франци поради истакнување на политички и навредлив транспарент на натпреварот против Бразил. Како што се наведува, Србија е казнета поради четнички транспарент.

Русија е казнета со 10.000 швајцарски франци поради дискриминаторски транспарент за време на дуелот со Уругвај. ФИФА и експертите за набљудување на натпревари навеле дека на транспарентот се наоѓал бројот „88“ кој меѓу екстремните десничари е синоним за нацистичкиот поздрав „Хајл Хитлер“, затоа што латинската букват Х (Н) е осма во азбуката.





Слично

Поврзани вести