Казна затвор за таткото на фудбалерот Меси, оти притајувал данок
Шпанското обвинителство бара затворска казна од 18 месеци за таткото на шпанскиот фудбалер Лионел Меси, бидејќи наводно притаил данок во вредност од 4.1 милиони евра.
На почетокот, шпанскиот државен обвинител поднесе тужба и против славниот фудбалер, но обвинителството реши да ја повлече.
„Обвинителството заклучи дека Лионел не може да биде виновен со оглед на возраста на која бил кога се потпишувал договорот, а главниот збор во целиот процес го имал неговиот татко Хорхе“, се наведува во соопштението.
Таткото на шпанскиот фудбалер е обвинет дека прикрил заработка од продажба на фотографиите на Меси на компаниите во Белизе, Уругвај, Швајцарија и Велика Британија, а данокот не го пријавувал кај шпанските власти.
Слично
