Економија, финансии, бизнис

Контакт

Казна од 6,5 милиони евра заработи „Кралската банка на Шкотска“

Казна од 6,5 милиони евра заработи „Кралската банка на Шкотска“
Британската Управа за контрола и надзор на финансискиот сектор, ја казни „Кралската банка на Шкотска” сo 6,5 милиони евра поради лажни извештаи за трансакции за период од шест години. Како што информираа од Управата, банката е казнета за „поднесување лажни извештаи за трансакции на пазарот, а понекогаш дури и не ги пријавувале трансакциите“. Управата објави дека неправилно пријавила трансакции во вредност од 44.8 милиони фунти во периодот од ноември 2007 до февруари 2012 година. Банката, по глобалната финансиска криза во 2008 година, доби државна помош од 45,5 милијарди фунти, најголемата сума досега инвестирана за спас на некоја банка во светот.  
Слично

Поврзани вести