Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАЗНА ДО 50 ДОЛАРИ ЗА НЕВАКЦИНИРАНИТЕ РАБОТНИЦИ: Работодавачите ќе им наплатуваат

КАЗНА ДО 50 ДОЛАРИ ЗА НЕВАКЦИНИРАНИТЕ РАБОТНИЦИ: Работодавачите ќе им наплатуваат

Имаше награди и бенефиции за вакцинираните, но она што следува ќе бидат казни за вработени кои одбиват да примаат вакцина, анализира консултантската компанија Мерсер, најголема во здравствената индустрија во САД.

До денес, работодавачите нудеа картички за подароци, слободен ден од работа, готовина и други финансиски стимулации за да ги убедат своите работници да се вакцинираат против „Ковид-19“. Но, пристапот „морков ќе биде придружен со стап“ што може да ги чини вработените до 50 долари месечно, пишува Форбс. 

„Работодавачите се обидоа да ги охрабрат вработените да се вакцинираат преку нудење стимулации како платен одмор и готовина, но со делта варијантата што ги зголемува инфекциите и хоспитализациите низ целата земја - во исто време кога стапките на вакцинација се во застој - добивме барања од најмалку 20 работодавачи во текот на изминатите неколку недели кои размислуваат за додавање дополнителни трошоци за здравствена заштита за невакцинираните како начин да се зголемат стапките на вакцинација во нивната работна средина “, рече Вејд Симонс, раководител во Мерцер за регулаторни ресурси.

Мерсер не ги открива имињата на компаниите што разработуваат систем на доплата, но рече дека износот на дополнителната такса за која се разговара со овие работодавачи е слична на трошоците од 20 до 50 долари месечно што компаниите веќе ги наплатуваат од работниците што пушат.

Настрана од јавната здравствена причина за поттикнување на вакцинација и одржување на здравјето на работниците и нивните семејства, има и финансиска причина. „Ковид-19“ може да доведе до сериозни заболувања и скап престој во болница што го чини осигурувањето платено од работникот и компанијата, предизвикувајќи и зголемување на премијата.

Консултантите анализираат дека притисокот на работодавачите да ги вакцинираат своите работници само се интензивира бидејќи вработените се враќаат во канцеларија по 18 месеци работа од далечина.

„Изминатава недела неколку големи имиња, вклучително и Гугл и Фејсбук, објавија планови да бараат од сите вработени да се вакцинираат за Ковид-19 пред да се вратат во канцеларија“, напиша Мерсер Симонс во колумна минатата недела.

 

Слично

Поврзани вести