Казахстан почна имунизација со своја вакцина
Казахстан почна имунизација со своја вакцина против коронавирусот.
„Казвак“ е вакцина која е во третата фаза од клиничките испитувања. Државната телевизија јавува дека во Казахстан се дистрибуирани 50.000 вакцини од две дози. Тие развиени од Државниот институт за истражување на биосигурност.
Казахстан е првата земја што почна со производство на руската вакцина „Спутник В“, која досега беше доминантна во кампањата за имунизација против коронавирусот.
Секој 20-ти човек во Казахстан е вакциниран од почетокот на кампањата, која почна во февруари.
Досега во земјата повеќе од 309.000 лица биле заразени од коронавирусот, а 3.570 починале. Земјата има 19 милиони жители.
Слично
