„Катерпилар“ укинува 1.400 работни места во фабриката во Белгија
Американскиот производител на тешка машинерија „Катерпилар“ планира да укине 1.400 работни места во својата фабрика во Белгија, која е една од најголемите погони на компанијата во Европа, се наведува во соопштението од управата на фирмата и синдикатот.
Фабриката во Белгија е отворена во 1965 година и вработува околу 4.000 луѓе, а се наоѓа на периферија на градот Шарлроа.
„Катерпилар“ во таа фабрика главно произведува хидраулични багери и вилушкари, како и мотори и разни делови, вклучувајќи осовини, запчаници и цилиндри.
Извршниот директор на компанијата Николас Полутник рече дека отказите за 1.100 работници во фабриката и за 300 канцелариски службеници, се неопходни, ако сакаат фабриката да остане отворена по 2015 година.
Слично
