Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ ВО КАНАДА: Бурата уништи автопатишта, Вакнувер отсечен од светот (ВИДЕО)

КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ ВО КАНАДА: Бурата уништи автопатишта, Вакнувер отсечен од светот (ВИДЕО)

Најмалку едно лице загина, а се стравува дека уште неколку загинале откако огромното невреме го погоди северозападниот дел на Тихиот Океан, уништувајќи ги автопатите и оставајќи десетици илјади луѓе во Канада и САД без струја, пренесува Гардијан.

Најголемото пристаниште во Канада, Ванкувер, беше отсечено од надојдените води, а екипите на брзата помош во Британска Колумбија во вторникот објавија дека најмалку 10 возила биле извадени од автопатот за време на одронот.


- Се надеваме дека ќе најдеме живи луѓе. Но, очигледно таа можност се намалува со текот на времето, поради активноста на свлечишта. Кога луѓето се заробени во кал и урнатини, таа можност секако се намалува со текот на времето, изјави за Глоуб и Меил Дејвид Мекензи, менаџер за пребарување и спасување во округот Пембертон.

Кралската канадска коњичка полиција потврди дека телото на жената било пронајдено на местото на свлечиштето за време на пребарувањето претходната ноќ.

Тимовите за пребарување, кои работеа заедно со војската, планираа да користат тешка опрема и тимови за кучиња за да ја продолжат потрагата по преживеани откако лошите временски услови ги прекинаа напорите.

Во понеделникот спасувачките хеликоптери превезоа 275 лица, меѓу кои 50 деца, од делот на автопатот блокиран од одрони.

Пристаништето Ванкувер, најголемото во Канада, објави дека целиот железнички пристап е прекинат поради поплави и лизгање на земјиштето подалеку на исток, што може да го загрози транспортот на жито и јаглен.


Исклучен е и гасоводот TransMauntin, кој носи 300.000 барели нафта дневно.

Јужно од границата, десетици илјади домаќинства и бизниси останаа без струја во државата Вашингтон.


foto> printscreen Tviter


Слично

Поврзани вести