Економија, финансии, бизнис

Контакт

Катастрофален биланс во Полска: Се удавиле 251 лице

Катастрофален биланс во Полска: Се удавиле 251 лице

Полскиот центар за безбедност соопшти дека од почетокот на годината до сега се удавиле 251 лице, а само во вторникот се удавиле 6 лица.

Поради ваквиот црн биланс властите побараа од нивните жители да ги избегнуваат дивите плажи, како и езерата и реките при алкохолизирана состојба, која е главната причина за поголемиот број трагедии.

Во Полска денес се очекува висока температура, како дел од топлиот бран кој ја зафати средна Европа, а ни во наредните денови не се очекува опаѓање на температурите.


Поради високите температури државните институции работат со скратено работно време, а од приватните фирми исто така било побарано да се скрати работното време од 8 часа

Слично

Поврзани вести