КАТАСТРОФА ВО МАРОКО - Најмалку 632 мртви, страшни сцени на улиците, Маракеш тешко оштетен од разорниот земјотрес ВИДЕО
Бројот на загинатите во земјотресот што синоќа го погоди Мароко достигна 632, додека 329 лица се повредени, јавува Ројтерс, повикувајќи се на мароканската телевизија.
Земјотресот бил со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот бил во планините Висок Атлас, 70 километри југозападно од градот Марекеш, а хипоцентарот бил на плитка длабочина од 18 километри.
Земјотресот беше почувствуван во повеќето градови, а значителна штета беше забележана и во Маракеш, најпознатиот и најпосетуваниот туристички град во Мароко.
Мароканците ја поминаа ноќта на улица
Освен во Маракеш, тресењето на земјата се почувствувало и во Рабат, Казабланка, Агадир и Есауира, предизвикувајќи паника кај населението.
Многу луѓе излегоа на улиците на тие градови во страв од уривање на нивните домови, а десетици луѓе ја поминаа ноќта на улиците. Оштетена е џамија во близина на плоштадот Џема ел-Фнаа во стариот дел на Маракеш, кој е под заштита на УНЕСКО.
Horrific moment of collapse caught on security camera #Morocco #earthquake #moroccoearthquake #deprem #زلزال #زلزال_المغرب #fas #fas_depremi #morocco #maroc #earthquake pic.twitter.com/cpS0FtBs6L
— Muhammad Arif Khan (@M_Arif61) September 9, 2023
Како што јавува Би-Би-Си, во Маракеш дошло до прекин на електричната енергија.
„Мислев дека ќе ми одлета креветот, излегов на улица и веднаш отидов да ги видам моите ријади (традиционални куќи)“, рече еден од жителите.
Не е познато колку луѓе останале заробени под урнатите згради.
Регионалниот центар за трансфузија на крв во Маракеш денеска ги повика жителите да даруваат крв за повредените.
Сочувство од целиот свет
Индискиот премиер Нарендра Моди, домаќин на самитот на Г-20 викендов во Њу Делхи, упати сочувство до роднините на жртвите од земјотресот во порака за загубата на животи.
Порака со сочувство испрати и германскиот канцелар Олаф Шолц.
Најсилниот земјотрес што некогаш го погодил Мароко
Локалните медиуми објавија дека тоа е најсилниот земјотрес што некогаш го погодил Мароко.
This Indian Vlogger was there at the time of the earthquake in Morocco.
— Youdha Akhilesh (@youdha_akhilesh) September 9, 2023
Prayers and Support for those who are affected by this earthquake #Morocco #earthquake #moroccoearthquake #deprem #زلزال #زلزال_المغرب #fas #fas_depremi #morocco #maroc #earthquake pic.twitter.com/r6bjYNbILR
Во февруари 2004 година, земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди провинцијата Ал Хосеима, 400 километри североисточно од Рабат, при што загинаа 628 луѓе и предизвика огромна материјална штета.
Претходно, на 29 февруари 1960 година, земјотрес го уништи Агадир, на западниот брег на земјата, и остави повеќе од 12.000 мртви, или една третина од населението на градот.
Фото: EPA-EFE/Jalal Morchidi