КАТАСТРОФА ВО ЈУЖНА АМЕРИКA: Поради пожар пола држава нема струја
Половина Аргентина е без струја поради голем пожар. Се претпоставува дека пожарот избувнал на отворен простор, што довело до оштетување на електричните водови во крајбрежјето и прекин на работата на нуклеарната централа.
Пожар ја оштети националната електрична мрежа, јави Би-би-си. Престолнината Буенос Аирес, други поголеми градови и значителен дел од руралните области се целосно или делумно без струја. Во главниот град 150.000 луѓе се без струја. Аргентина се бори со топлотниот бран и сушата.
Би-би-си јавува дека температурите во одредени делови од оваа јужноамериканска земја сè уште се постојано над 35 степени Целзиусови, на крајот на летото. Во некои региони училиштата и продавниците се затворени.
Слично
