Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАТАСТРОФА: Поранешен американски генерал: Ако падне Херсон, Путин би можел да употреби НУКЛЕАРНО ИЛИ ХЕМИСКИ ОРУЖЈЕ

КАТАСТРОФА: Поранешен американски генерал: Ако падне Херсон, Путин би можел да употреби НУКЛЕАРНО ИЛИ ХЕМИСКИ ОРУЖЈЕ

Бери Ричард МекКафри, пензиониран американски генерал и деловен советник, кој служеше во кабинетот на претседателот Бил Клинтон, ја коментираше моменталната ситуација на фронтот во Украина.

Тој шпекулира дека рускиот претседател Владимир Путин би можел да употреби нуклеарно или хемиско оружје доколку падне град кој неговите сили претходно го окупирале, пренесува Блиц.

- Доколку Херсон падне и Путин загуби 15.000 од своите најдобри војници, тоа ќе биде политичка катастрофа што ќе ја дестабилизира земјата. Не може да го најде својот излез. Единствените алатки за ескалација ќе бидат тактичкото нуклеарно или хемиско оружје. Катастрофа – изјави МекКафри.

Што се однесува до хемиското оружје, тој посочува дека нервните агенси се доставуваат првенствено од артилерија и воздухопловните сили.

- Тоа е лошо оружје против добро опремени и обучени војници. Тоа е страшно оружје на теророт против цивилите. САД и НАТО би преземале голема акција со конвенционално оружје против Русија – тврди МекКафри, пренесува Блиц.

Слично

Поврзани вести