Катарската изолација може да ескалира со нови санкции
Катар се соочува со можни понатамошни санкции од арапските држави, кои ги прекинаа врските со Доха поради тврдењата за врски со тероризмот. 2 јули е крајниот рок за земјата да ги исполни нивните барања за решавање на спорот.
Знаци за крај на кризата сепак нема, бидејќи Катар ќе ги отфрли предлозите на земјите од Персискиот Залив. Ова го соопшти соопшти Катарскиот министер за надворешни работи шеикот Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани, цитиран од Reuters.
За новинарите во Рим, тој истакна дека предметните барања немаат ништо заедничко со борбата против тероризмот, а имаат за цел да ги стават под контрола емиратите. Сепак Доха е подготвена да преговара, но во соодветни услови, рече министерот и додаде дека Катар ниту ќе ја затвори турската воена база, како што сакаат земјите од Заливот, ниту ќе престане со емитувањето на сателитскиот ТВ канал Ал Џезира.
Според зборовите на катарскиот министер за надворешни работи наметнати од земјите од регионот мерки против неговата земја се колективно казнување, кое го нарушува меѓународното право.
Тој додаде дека никој нема право да издава ултиматум на една суверена држава, но Доха останува подготвена за преговори со арапските соседи.
Непријателството избувна минатиот месец, кога Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Египет ги прекинаа дипломатските и патни врски со Катар, откако ја обвинија за поддршка на тероризмот.
Земјите ќе воведат дополнителни санкции против Катар, ако тој не одговори на нивната листа со 13 барања кои беа и претставени на Доха од кувајтските медијатори пред 10 дена.
Јазот меѓу арапските држави се случи неколку дена откако претседателот на САД Доналд Трамп се состана со водачите во Ријад и повика на единство против регионалните закани и исламистички групи.
