Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАТАР ТВРДИ: Имаме ресури да го издржиме притисокот-се чуствуваме „исклучително удобно“

КАТАР ТВРДИ: Имаме ресури да го издржиме притисокот-се чуствуваме „исклучително удобно“

Во понеделникот фискалните пазари на Катар по недела на загуби се стабилизираa, а владата покажа дека може да ja задржи економијата на земјата работејќи покрај санкциите од страна на соседните држави.

Катарскиот министер за финансии ја минимизираше економската тежина на конфронтацијата со Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Египет и додаде дека Владата во Доха се чувствува „исклучително удобно“ при сегашната фискална позиција. Тој додаде дека земјата, која е најбогатата во светот по глава на жител, има ресурси да го издржи притисокот.

Пред една недела властите во Ријад, Абу Даби, Манама и Каиро ги прекинаа дипломатските односи со Катар, обвинувајќи ја земјата дека поттикнува регионален напон, го поддржува тероризмот и се зближува со Иран. Сето ова сепак се негира од Доха.

Најголемиот дипломатски јаз меѓу богатите држави од Персискиот залив го засегна катарскиот увоз на храна и други материјали и поттикна некои странски банки да ги ограничат своите активности во земјата.

Слично

Поврзани вести