Економија, финансии, бизнис

Контакт

Катар стана домаќин на Светското во фудбал во 2022 поради Германија и Франција!

Катар стана домаќин на Светското во фудбал во 2022 поради Германија и Франција!
Поради економските интереси Германија и Франција имаа политички притисок Катар да биде избран за домаќин на Светското фудбалско првенство во 2022 година , изјави претседателот на ФИФА , Сеп Блатер. „Франција и Германија треба да сносат одговорност за третманот на сезонските работници во Катар , бидејќи го искористиле политички притисок Светското првенство во 2022 година да биде дадено на Катар" , изјави Блатер . Според него финансиските интереси ги натерале двете најсилни економски држави во Европа да лобираат во корист на Катар . Во меѓувреме скандалот со условите за работа на градежните работници во Катар е во пораст. Европскиот парламент најави дека напролет ќе испрати специјална делегација во земјата , која ќе ја провери на терен ситуацијата. Европскиот парламент веќе усвои резолуција со која се осудуваат односот кон странските работници во градежниот сектор во Катар . Таа беше насочена кон катарските власти и содржи повик за акција. Во неа се забележува дека најмалку 500 илјади странски работници ќе се вклучат кон досегашните 1,7 милиони во изградбата на спортските објекти до 2022 година Документот беше дочекан на нож од властите во Катар, кои го опишаа како избрзан . Сепак портпаролот на Катарската МНР најави дека земјата е подготвена на разговори со Брисел.
Слично

Поврзани вести