Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАТАР СЕ ОГЛАСИ: Барањата на Саудиска Арабија и нејзините сојузници не се разумни

КАТАР СЕ ОГЛАСИ: Барањата на Саудиска Арабија и нејзините сојузници не се разумни

Владата на Катар ги утврди барањата на Саудиска Арабија, Бахреин, Обединетите Арапски Емирати и Египет како неразумни или неостварливи.

Четирите држави ги испратија вчера своите барања, меѓу кои се затворање на локалната телевизија „Al Jazeera“, ограничување на врските со Иран, како и затворање на турската воена база на територијата на Катар.

Условот на земјите од Персискиот залив е барањата да бидат исполнети во рок од 10 дена, во спротивно нема да заврши дипломатската трговска "блокада" против земјата.

Барањата на земјите се претставени во 13 точки, меѓу кои е и прекин на односите со "Муслиманско братство".

"Ние гледаме кон овие барања од почит кон регионалната безбедност и ќе дадеме официјален одговор од нашето Министерство за надворешни работи", велат од Владата на Катар.

Веќе речиси три недели поминаа откако Саудиска Арабија, Египет, Бахреин и ОАЕ ги скинаа дипломатските односи со Катар. Земјата е обвинета дека поддржува терористички организации. Кон нив се приклучија Либија и Јемен.

Следствено на тоа националниот авиопревозник на ОАЕ Emirates и Etihad Airways ги прекинаа сите летови од и до Катар. Одгледувањето на храна во пустината е тешко, а увозот за Катар се одвиваше преку единствената граница со Саудиска Арабија. Секој ден стотици камиони преминуваа границата и храната е една од главните испораки. Влошувањето на односите доведе и до забрана за престој на граѓаните на Катар во овие земји, како и на нивните граѓани во Катар.

Слично

Поврзани вести