Економија, финансии, бизнис

Контакт

Катар купи авиони од САД - колку „тежи“ зделката?

Катар купи авиони од САД - колку „тежи“ зделката?

Министерството за одбрана на САД склучи договор за продажба на воени авиони Ф-15 на Катар.

Американскиот министер за одбрана, Џејмс Матис го потпиша договорот „тежок“ 12 милијарди долари заедно со катарскиот колега, Халид ал Атија, соопшти Пентагон.

Стејт департментот ја одобри продажбата во ноември лани. Според пишувањата на американските медиуми, Доха купува 36 авиони од типот Ф-15. 

Оваа одлука доаѓа десет дена откако неколку арапски држави ги прекинаа дипломатските односи со Катар. Слични напори за подобрување на односите и намалување на тензијата спроведуваат и Турција, Кувајт и Франција.

Покрај авионите, забележана е и „посета“ на два воени брода на американските безбедносни сили на пристаништето во Доха. Командантот на петтата флота на воената морнарица во САД, Бил Урбан, објасни дека бродовите се само во рутинска посета на Доха.

Слично

Поврзани вести