Катар ќе гради остров вреден 5,5 милијарди долари
Со градење на вештачки остров во вредност од 5,5 милијарди долари, планира да започне Катар покрај својата престолнина Доха каде ќе има повеќе хотели во кои ќе бидат сместени и посетителите на Светското фудбалско првенство во 2022 година.
Со проектот се предвидува изградба и на луксузни вили и пет хотели на вода.
Проектот во Доха го претставил локалниот промотер за недвижнини, „Барва Риал Истејт“ со поддршка на државните фондови на Катар. Хотелите може да примат околу 25.000 гости.
Катар, како најголем извозник на природен гас, најави дека до 2016 година во инфраструктурни проекти ќе вложи 40 отсто од својот буџет.
Слично
