Економија, финансии, бизнис

Контакт

Катар инвестира милијарда евра во Италија

Катар инвестира милијарда евра во Италија
Катар е подготвен да потпише договор вреден 1 милијарда евра со Италија за инвестирање во мали и средни италијанските компании, рече премиерот на оваа држава, Шеик Хамад бин Јасим ал-Тани. Катар ќе обезбеди половина од парите за таа намена, рече Ал-Тани на заедничката прес-конференција со италијанскиот премиер Марио Монти, кој е во посета на овој регион. Исто така , италијанскиот стратешки инвестициски фонд „FSI“ и „Катар Холдинг“ потпишаа договор за заедничко инвестирање до две милијарди евра во италијанските компании. Според договорот, двете страни во првите четири години ќе инвестираат еднакви средства во прехрамбениот и туристичкиот сектор, како и во модната и индустријата за мебел.    
Слично

Поврзани вести