Катар е најголем колекционер на „скапи“ уметнички слики
Најскапите слики на светот ги купуваат богати колекционери на уметнички слики од Катар.
На аукција во 2011 година ја купиле сликата на Пол Сезан „Играчи со карти“ за 250 милиони долари, што е највисока постигната цена за едно уметничко дело. Во 2007 било купено делото на Марк Ротка за 70 милиони долари (рекорд за овој уметник), а 20 милиони биле платени за „Кутија за апчиња“ од Демијен Херст.
Малата заливска држава богата со нафта има амбиции да стане значен културен центар на Блискиот исток.
Со државната одлука да се вложува во уметнички дела, Катар во средината на светската економска криза дава значен поттик на пазарот за уметнички дела од 20 и 21 век.
Слично
