Катар доби закани со нови арапски санкции, емиратот одговара: Премногу сме богати да ни се закануваат
Во специјално заедничко соопштение Саудиска Арабија, ОАЕ, Бахреин и Египет официјално го обвинија Катар дека го поткопува регулирањето на дипломатската криза околу Доха, соопшти телевизијата „Ал Џезира“.
Арапската „четворка“ инсистира дека непомирлива позиција окупирана од Катар, само ја потврдува неговата врска со терористите. „Четворката“ забележува дека Доха „продолжува да ја поткопува стабилноста во регионот“, фактички ги саботира напорите на Кувајт во решавањето на кризата и ги отфрла нејзините барања за регулирање. Притоа се нагласува дека Катар е нераскинлив дел од регионот на Персискиот залив и арапскиот свет како целина.
„Ние навреме ќе ги преземеме сите потребни мерки од политички, економски и законодавен карактер кои ги сметаме за потребни за да ги обезбедиме своите права, безбедност и стабилност, за да ги заштитиме нашите интереси од агресивната политика на катарското управување“, се вели во соопштението, според „Ал Џезира“. Истовремено Катарскиот министер за финансии Али Шариф ал-Амадо изјавил дека неговата земја нема од што да се плаши, бидејќи има средства во инвестициски фондови, кои се со 250% поголеми од БДП на емиратот. Амадо изјавил дека на пример Египет и Бахреин се на ниво „ѓубре“ што се однесува до финансиските пазари, а таму Катар е многу силна држава.Развојот на кризата
Пред месец дена Саудиска Арабија, ОАЕ, Бахреин и Египет соопштија дека ги прекинуваат дипломатските односи со Катар поради, според нив, поддршка на тероризмот и мешање во нивните внатрешни работи од страна на емиратот. Од Доха ги отфрлаат обвинувањата како неосновани. Потоа беше прогласена транспортна блокада и економски санкции против емиратот.
Катар имаше 10 дена да исполни13 барања, меѓу кои запирање на телевизија „Ал Џезира“ и прекин на секакви врски со организации како „Муслимански браќа“, а по барање на посредникот Кувајт ултиматумот беше продолжен за два дена. По неговото истекување одговорот на Доха предизвика „жалење на четворката“. На 5 јули земјите одлучија да го продолжат политичкиот и економски притисок, додека Катар не ја промени својата политика.
