Економија, финансии, бизнис

Контакт

Каталонскиот лидер повика на мирен отпор

Каталонскиот лидер повика на мирен отпор

Каталонскиот лидер Карлес Пучдемон ги повика своите народните да изразат мирен отпор на одлуката на централната влада да и ја одземе автономната власт на Каталонија.

„Најдобар начин да се заштити придобивката на она што до дене е остварено е демократското спротиставување на членот 155 (од уставот на Шпанија). Тоа мораме да го направиме, ниту за миг не отстапувајќи од граѓанското и мирно однесување“, изјави каталонскиот челник Карлес Пучдемон.

Тој им се заблагодари на своите сонародници за совесноста и мирната атмосфера изминатите денови кога владата во Мадрид се закануваше а во петокот го активираше споменатиот член 155 првпат од воспоставувањето на демократијата во Шпанија во 1978 година по падот на хунтата на Франциско Франко, со којашто се суспендира автономијата на автономната покраина Каталонија, се распуштаат нејзините парламент и органи, а нивните овластувања ги преземаат шпанските министерства.

„Вашата реакција е реакција на зрела држава. Ќе продолжиме настојчиво да инсистираме со единствениот став дека кој може да ни донесе победа – без насилство, без вознемирување, со инклузивен пристап, уважувајќи ги луѓето, симболите, мислењата и уважувајќи го, исто така, протестот на Каталонците кои не се согласни со одлуката на парламентарното мнозинство“, рече каталонскиот лидер.

Како што истакна Пучдемон, каталонскиот парламент „го исполни својот мандат, даден од граѓаните на избирачките места“ уште на изборите за законодавното собрание во 2015 година, кога победија партиите од десницата и левицата кои се застапуваа за излегувањето на Каталонија од Шпанија.

„Ќе продолжиме да работиме за да изградиме слободна држава којашто ќе гарантира создавање општество во коешто ќе има помалку неправди, повеќе еднаквост и повеќе братство со сите народи во светот, почнувајќи од народот на Шпанија, со кој ние сакаме да постигнеме меѓусебно почитување и признавање“, рече во продолжение Пучдемон.

Како што призна Пучдемон, Каталонија влегува во нова етапа од својата историја „со којашто земјата досега никогаш не се соочила“. „Мораме да ги сочуваме спокојството, упорноста и визијата за иднината“, додаде каталонскиот претседател. Рече дека неговиот тим има намера да го продолжи патот означен со референдумот од 1-ви октомври, на кој мнозинството Каталонци се изјаснија за независноста до Шпанија. „Нашата волја е да продолжиме да работите, за да го исполниме демократскиот мандат“, порача Пучдемон.


Слично

Поврзани вести