Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАТАЛОНИЈА СЕ КРЕВА НА НОЗЕ: Бараат слобода за министрите

КАТАЛОНИЈА СЕ КРЕВА НА НОЗЕ: Бараат слобода за министрите

Илјадници луѓе вечерва излегоа на улиците на  Барселона, Тарагона, Жирона и Леида, за да протестираат против притворањето на осум членови на разрешената регионална Влада на Каталонија.

Врховниот суд на Шпанија денеска им одреди притвор на осум членови на разрешената Влада, додека поранешниот министер Санти Вила, кој поднесе оставка пред едностраното прогласување независност на Каталонија, е ослободен со кауција од 50.000 евра.

„Сите во затвор. Чувство за голема неправда. Многу тажен ден за демократијата“- напиша на Твитер Жауме Алонсо-Куевиљас, адвокат на Пуџдемон и неговата Европска демократска партија на Каталонија.

Уапсените политичари преку нивните адвокати и на социјалните мрежи повикаа протестите да бидат мирни и нивните поддржувачи да избегнуваат секакво насилство.

Разрешениот лидер, Карлес Пуџдемон не се појави на суд денеска во Мадрид и за него е издадена европска потерница. 

Слично

Поврзани вести