Економија, финансии, бизнис

Контакт

Каталонија: Референдум за независност наскоро и официјално

Каталонија: Референдум за независност наскоро и официјално

Претседателот на регионалната влада на Каталонија Артур Мас изјави денеска дека „наредните денови“ и официјално ќе побара референдум за независност на таа шпанска покраина.

Каталонскиот парламенр во петокот го усвои законот кој на пратениците им дава право да одржат, како што најавиле, необврзувачки косултации за независноста од Шпанија на 9 ноември.

„Тој закон ќе биде искористен наредните денови да се закаже гласањето на 9 ноември“ рекол Мас.

Шпанската влада веќе соопшти дека со тоа се прекршува уставот на Шпанија, а премиерот Маријано Рахој порачал дека централната влада во Мадрид има овластуваење да распише референдум за прашањата кои се однесуваат на суверинитетот на земјата.

Уставниот суд на Шпанија донел одлука на 25 март 2014 дека најавеното одржување на референдум за независноста на Каталонија, планиран за 9 ноември е неуставно бидејќи, регионот не може еднострано да распише референдумна кој самостојно ќе одлучи за својата интегрираност во Шпанија“.

Договорот за распишување на референдум за сувереноста на Каталонија го постигнале на 12 декември сепаратистички настроените политички партии во Каталонија и тогаш е договорено гласањето да се одржи на 9 ноември оваа година.

Слично

Поврзани вести