КАТАЛОНИЈА НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Бараат од Мадрид да дозволи одржување на референдум
Лидерот на Баскија, Иниго Уркулу го повика Мадрид да го дозволи одржувањето на референдумот во Каталонија како што тоа беше направено во Шкотска и Квебек.
Коментарот на Уркулу е објавен во време кога лидерите на другиот шпански регион Каталонија планираат на 1 октомври да одржат референдум за независност кој Мадрид го прогласи за неуставен.
„Во очите на светот шпанските власти се дел од проблемот, а не од решението“- истакна Уркулу.
Судиите и обвинителството ги казнија и им одредија притвор на кличните членови на тимот задолжен за организација на референдумот и се заканија со кривични пријави против одговорните за организацијата на минатонеделните протести.
Шпанската полиција заплени речиси десет милиони гласачки ливчиња и останати предмети наменети за референдумот.
Илјадници приврзаници на независноста на Каталонија вчера се собраа на плоштадите во Барселона и во други каталонски градови во поддршка на референдумот планиран за 1 октомври.
Пред насобраните во Барселона, претседателката на регионалниот парламент на Каталонија, Карме Форкадел ги повика демонстрантите да излезат на референдумот и да гласаат за независност на Каталонија.
