Економија, финансии, бизнис

Контакт

Каталонија го одложи изборот на нов премиер, Пучдемон единствен кандидат

Каталонија го одложи изборот на нов премиер, Пучдемон единствен кандидат

Каталонија го одложи изборот на нов регионален премиер до следната наредба. Причината е дека Врховниот суд на Шпанија објави дека единствениот кандидат за местото - поранешниот лидер Карлес Пучдемон - не може да биде избран, додека се крие од шпанското правосудство во Белгија.

Обидот да се отцепи Каталонија од Шпанија предизвика остри судири меѓу регионалната влада на Барселона и централната шпанска влада во Мадрид. Шпанската правда го погласи референдумот на Каталонската независност за неуставен. Токму затоа Пучдемон и останатите членови на веќе распуштената влада од шпанскиот премиер Маријано Рахој се прогонувани како прекршители на уставот.

Претседателот на каталонскиот парламент, Роже Торрен, рече дека нема да номинира друг премиер, освен Пучдемон. Сепаратистичките партии имаат мнозинство, а поранешниот лидер речиси сигурно ќе биде избран за премиер ако неговата кандидатура е дозволена.

Слично

Поврзани вести