Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАТАЛОНЦИТЕ НЕМА ДА УСПЕАТ СО НЕЗАВИСНОСТА: Eве што вели претходник на Пуџдемон

КАТАЛОНЦИТЕ НЕМА  ДА УСПЕАТ СО НЕЗАВИСНОСТА: Eве што вели претходник на Пуџдемон

Поранешниот каталонски претседател, Артур Мас вели дека Каталонија не треба да презема нови, храбри чекори кон независност, дури и ако сепаратистите остварат голема победа на регионалните избори следниот месец. 

Мас, кој беше лидер на Каталонија пред сега веќе сменетиот Карлес Пуџдемон, смета дека сецесионистите треба да се фокусираат на барање за меѓународна помош.

„Не можеме да преземаме конечни чекори сѐ додека немаме цврсти меѓународни сојузници“- рече Мас, кој беше претседател на Каталонија од 2010 до 2016 година.

Само четвртина од Каталонците сакаат натамошно спроведување на планот за независност од Шпанија пред покраинските парламентарни избори закажани за 21-ви декември, покажува анкетата којашто во понеделникот ја објави тиражниот дневен весник El Pais.

Слично

Поврзани вести