Економија, финансии, бизнис

Контакт

Каталонците го одложија референдумот, но ќе гласаат „неофицијално“

Каталонците го одложија референдумот, но ќе гласаат „неофицијално“
Шпанската покраина Каталонија го одложи референдумот за независност закажан за 9 ноември, кој се закануваше да ја дестабилизира оваа земја. Сепак, Каталонците на овој датум ќе одржат „неофицијално гласање“. Тоа практично значи дека резултатите на изјаснувањето нема да се сметаат за формално обврзувачки, но ќе го покажат трендот на јавното мислење во богатата шпанска покраина во однос на отцепувањето. Ваквата одлука беше донесена откако централните власти ја прогласија иницијативата за референдум за „неуставна“ и побараа Уставниот суд да се изјасни дали таа го прекршува највисокиот правен акт со кој е воспоставена Шпанската република. Конечното решение на Уставниот суд можеше да трае со години. Одлуката за одлагање на референдумот, кој беше инициран по примерот на Шкотска, беше донесена на синоќешната средба на лидерите на четирите најголеми каталонски партии и каталонскиот претседател Артур Маса. Властите во Мадрид ја поздравија оваа одлука. Според шпанскиот премиер Маријано Рахој, станува збор за „одлична вест“ и сега е потребно „свртување кон иднината и разговор со Каталонците“.
Слично

Поврзани вести