Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кастро не знае кој ги оглувува американските дипломати

Кастро не знае кој ги оглувува американските дипломати

Кубанскиот претседател Раул Кастро ќе дозволи тим на ФБИ да дојде во Хавана и да спроведе независна истрага за застрашувачките напади врз американски дипломати и вети целосна соработка.

Досега има 22 случаи кои се и медицински потврдени при што се утврдило дека дипломатите биле оглувувани со сонични напади. Исто така повредени се и неколку канадаски државјани. 

Кастро не сакал дополнително да се конфронтира со американските власти и затоа дозволил влез на ФБИ кој претходно беше незамислив за Куба. Засега е непознато дали соничните напади ги вршеле кубански или пак, агенти на некоја друга тајна служба. 

Токму искрениот однос на Кастро ги навел Американските служби да поверуваат дека можеби нападот е извршен со помош на непослошни кубански агенти во соработка со некоја руска или па дури и северно-корејска служба.

Слично

Поврзани вести