Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кастро ќе се здружи и со САД за борба против еболата

Кастро ќе се здружи и со САД за борба против еболата
Кубанскиот претседател Раул Кастро изјави дека и покрај долгогодишните заладени односи, неговата земја е подготвена заедно со САД да се бори против заканата од опасниот вирус ебола. Притоа, Кастро на самитот на левичарската алијанса АЛБА, нагласи дека светот мора да избегне политизација кога станува збор за напорите во борбата против смртоносниот вирус. Овој самит бил свикан токму со цел да се разгледа стратегијата за спречување на ширењето на еболата, а го организирала Венецуела. „Куба сака да работи рамо до рамо со сите останати земји, вклучувајќи ги и САД“, порачал Раул Кастро. Неговата земја планира да испрати 400 лекари во погодените африкански земји Либерија, Гвинеја и Сиера Леоне, што би бил најголем придонес на една земја во борбата против еболата.  
Слично

Поврзани вести