Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кашоги планирал движење против саудискиот принц

Кашоги планирал движење против саудискиот принц

Убиениот саудиски новинар Џамал Кашоги планирал бунт против саудискиот принц. 

Си-ен-ен објави приватни пораки на убиениот Кашоги кои преку Ватсап ги разменувал со активистот од Монтреал, Омар Абдулазиз.

Кашоги во повеќе од 400 пораки преку оваа апликација го опишал принцот Мохамед бин Салман како „ѕвер што ќе изеде сѐ на патот“, па дури и оние кои го поддржуваат.

Пораките на убиениот новинар, меѓу кои и аудио пораки, фотографии и видео содржини, наведува Си-ен-ен, опишуваат човек кој е загрижен поради акциите на саудискиот престолонаследник.

„Тој е како ѕвер пак-ман, колку повеќе јаде жртви, толку повеќе уште сака“, вели Кашоги во една порака испратена во мај, по собир на саудиски активисти. „Нема да бидам изненаден ако жртвите на неговата репресија бидат и оние кои го поддржуваат“, додаде тој.

Двајцата планирале основање на онлајн движење кое би ги повикале саудиските власти на одговорност.

„Бог нека ни е на помош“, пишува Кашоги во една порака од август, кога се сомневал дека саудиските власти го следат неговиот разговор со активистот од Монтреал. Два месеци подоцна е убиен.

Абдулазиз во неделата поднесе тужба против израелската компанија што го создала софтверот, за кој тој верува дека бил користен за хакирање на неговиот телефон.

Кашоги бил ѕверски убиен за седум минути во саудискиот конзулат во Истанбул. 

Кашоги кој побегнал од Саудиска Арабија во САД во 2017 година, е убиен на 2 октомври во конзулатот. Анкара наведува дека таа операција ја извеле 15 лица. 

Слично

Поврзани вести