Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАСЕТНИ БОМБИ ГИ РАСПАРЧИЛЕ ТЕЛАТА НА ЦИВИЛИТЕ ВО КРАМАТОРСК: Украинската Рада објави стршни фотографии од железничката станица

КАСЕТНИ БОМБИ ГИ РАСПАРЧИЛЕ ТЕЛАТА НА ЦИВИЛИТЕ ВО КРАМАТОРСК: Украинската Рада објави стршни фотографии од железничката станица

Две ракети денеска ја погодија железничката станица во Краматорск, град во источна Украина, изјави директорот на украинскиот железнички систем Олександар Камишин.

„Русите истрелаа два проектила на железничката станица Краматорск, каде што се евакуираат цивили. Но, руските воени злосторници не само што намерно целеа илјадници луѓе, тие користеа и касетни бомби“, напиша украинскиот парламент (Рада) на Твитер.

Потврдено е дека загинале повеќе од 30 луѓе, а повеќе од 100 се повредени, јавува Ројтерс.

Украинскиот гувернер на Доњецк Павло Кириленко изјави дека илјадници цивили биле на станицата во обид да се евакуираат во побезбедните области на Украина. Повикувајќи се на полицијата и спасувачките служби, тој рече дека стравуваат дека голем број луѓе биле убиени и ранети во ракетниот напад, пренесува Ројтерс.


ФОТО: Твитер-Украинска Рада

Слично

Поврзани вести