Економија, финансии, бизнис

Контакт

Карлос Слим влегува во бизнисот со затвори

Карлос Слим влегува во бизнисот со затвори
Најбогат човек во светот Карлос Слим ќе влезе во бизнисот со управување на затвори, информира „Bloomberg“. Компанијата, позната како „Ideal“ во сопственост на Слимовата банка „Grupo Financiero Inbursa SAB“ ќе преземат дел од уделите за два федерални затвори од „Desarrolladora Homex SAB“. Од компанијата „Desarrolladora Homex SAB“ рекоа за ова, од Слим ќе добијат околу 4 милијарди пезос (326 милиони долари). И додека „Homex“ планира да продолжи да работи во управувањето на двата затвори, „Ideal“ исто така ќе учествува во овој процес, изјави претседателот на „Inbursa“ Марко Антонио Слим. Марко Антинио Слим, кој е син на милијардерот, не открива дополнителни детали околу зделката.
Слично

Поврзани вести